Мерки за вработување во интерес на невработените и компаниите

Bez autora
Dec 30 2024

Во изминатите години се забележува пад на невработеноста во државава. Во Центарот за вработување во Битола, регистрирани се околу 3.500 невработени, а најголем дел од нив се лица без образование или со основно образование.

Тоа е проблем компаниите да дојдат до соодветен кадар. Најдефицитарни се квалификуваните работници.

Ако некогаш проблем беше преголемиот број на невработени лица, во последните години се забележува пад на невработеноста, во Центарот за вработување во Битола регистрирани се околу 3.500 невработени лица, активни баратели на работа, ова е проблем за компаниите кои не можат да дојдат до потребниот квалификуван кадар кој им е потребен.

Во евиденцијата на Центарот за вработување Битола, 55 проценти од невработените лица се без образование или со завршено основно образование, што го отежнува нивното вработување, а истовремено претставува проблем и за побарувачката на пазарот на труд,

Работодавачите покажуваат загриженост, за проблемот со кој се соочуваат при пронаоѓање на работници. Проблемот со дефицит на квалификуван кадар од година во година се продлабочува. Најдефицитарни се квалификуваните работници, велат од Центарот за вработување.

Со активните мерки програми и услуги кои ги нуди Центарот за вработување се овозможуваат зголемување на знаењата и вештините на младите кои ќе им помогнат до полесно вработување. Голем е интересот за програмата за самовработување преку која вработени се 42 лица. Тука е и програмата за вработување и раст на правни субјекти, преку која се вработени 32 лица,

Динамичниот развој на пазарот на труд, техничко-технолошките промени и сите процеси доведуваат до потребата за дополнителни знаења и вештини.

За да има успешна интеграција на младите на пазарот на труд потребно е да се поврзат формалното и неформалното образование.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik